Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, а ликвидаторот е Венко Филипче
По новите обвинувања од СДСМ, Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, во изјава за медиумите порача дека раководството на СДСМ повторно се обидува сопствените политички неуспеси и загубената доверба кај граѓаните да ги претстави како проблем на другите партии.
„Раководството на таа некогаш државотворна партија, која денес е сведена на ниво на ликвидација, во континуитет сопствените грешки ги бара во туѓите редови. Колку тоа ЗНАМ се распаѓа, најдобро гледаат медиумите и граѓаните на трибините што ги организираме низ Македонија, каде салите се премали да ги примат сите заинтересирани граѓани“ – изјави Димитриевски.
Тој истакна дека СДСМ, наместо секојдневно да пласира политички спинови и измислени конструкции, треба конечно да се соочи со сопствените политики поради кои ја изгуби довербата на граѓаните, оценувајќи дека денешното раководство ја доведе партијата до состојба на политички
стечај.
„За нив можам да кажам само едно – тоа е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче“ – истакна Димитриевски.
Претседателот Димитриевски потенцираше дека најсилниот одговор на ваквите напади е сè поголемата поддршка што Движењето ја добива на средбите со граѓаните низ целата држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Војната ескалира: САД започнаа нови напади врз…
Војската на Соединетите Американски Држави соопшти дека…
Германија ја обвини Русија за нападот со…
Германија официјално ја обвини Русија за организирање…
Татко го нападнал малолетниот син, мајката вели…
Триесет и петгодишен маж од скопско е…
„Ако знаеле, зошто не постапиле – 63…
Здружението 16 март 2025 реагира на денешното…
Два танкери со саудиска нафта биле нападнати…
Два супертанкери што превезувале саудиска нафта биле…