Димитриевски ја сочува мрежата четврти пат во новата сезона од Ла Лига!
Рајо Ваљекано имаше непријатно гостување кај Кадиз во седмото коло од Ла Лига, вечерва и успеа да сочува празна мрежа, но не и да победи. Почетниот резултат остана и конечен, а ако занекого тоа е комплимент, сигурно е за Столе Димитриевски.
Македонскиот голман четврти пат од седумте кола во новата сезона успеа да не прими гол, а работата му беше отежнета по 88. минута, кога Абдул Мумин од Гана доби два жолти картона и беше исклучен. Сепак и одбраната на Рајо го направи своето, па противникот имаше само два удари во рамките на голот на Димитриевски, двата во првото полувреме.
Со овој бод, Рајо Ваљекано има вкупно 11, на шестата позиција на табелата, еден повеќе од Атлетико Мадрид (има два меча за играње) и два повеќе во однос на вечерашниот противник, кој се наоѓа на деветтата позиција.
Пред Рајо се проби Реал Сосиедад, благодарение на вечерашната победа со 1-0 во Валенсија. Голот на Фернандес од 32. минута се покажа пресуден, особено откако Мароканецот Амалах доби два жолти картона во рок од три минути, 42. и 45.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Војната во Иран практично е завршена
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Курц: За десет години ќе живееме во…
Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц оцени дека…
Денес се празнува Светата маченичка Параскева (Петка)
Родена е во градот Иконија од родители…
Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни…