Димитриевски: Ќе го поддржиме Гаши за претседател на Собранието, се уште немаме договорено кадровски решенија за влада

t

Претседателот на ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, пред почетокот на денешната конститутивна седница на Парламентот, изјави дека петмината пратеници од неговата партија ќе гласаат за Африм Гаши, доколку тој биде предложен за претседател на Собранието.

Димитриевски му посака успех на новиот собраниски состав.

ЗНАМ очекува од овој парламентарен состав многу. Верувам дека како потенцијален партнер во идната власт ќе дадеме свој придонес со нашето политичко делување бидејќи веќе сериозно разговараме за имплементација на дел од нашите програмски определби во идната владина програма и владин состав – рече Димитриевски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со разговорите за новата влада, Димитриевски рече дека сѐ уште немаат договорено никакви кадровски решенија.

За нас во втор план се поделбата на власта и министерските позиции, на прав план е сето она што го ветивме во предизборниот период – рече Димитриевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…

Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…

Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…

Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…

Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…

Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…

Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…

Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…