Димитриеска Кочоска: Инфлацијата го продолжи трендот на намалување
Објавените податоци на Државниот завод за статистика за нивото на инфлација во јули 2026 година во споредба со јули 2025 година е уште еден показател којшто е потврда за политиките коишто ги креира и спроведува Владата и упатува на стабилизирање на економските текови и задржување на позитивните трендови во економијата, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на Фејсбук.
Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, инфлацијата го продолжува трендот на намалување и во јули изнесува 2,3 проценти на годишно ниво. Во април 2026 година на инфлацијата на годишно ниво изнесуваше 5,7 проценнти, во мај 4,8 и во јуни 3,4 проценти. Забавување на растот на цените е забележано и на месечно ниво кај речиси сите категории производи и услуги, со исклучок на транспортот.
-Ова е уште еден охрабрувачки сигнал за движењата во економијата. Покрај намалувањето на инфлацијата, раст бележат извозот, индустриското производство и вработеноста, што укажува дека економските политики даваат резултати. Тоа се потврдува и со растот на даночните приходи во Буџетот заклучно со 31 јули 2026 година. Ќе продолжиме внимателно да ги следиме економските движења и да креираме мерки коишто се во интерес на граѓаните, за заштита на животниот стандард и за понатамошно зајакнување на македонската економија, наведува министерката за финансии во објавата на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…