Димитријевиќ: Уште една лага на Мицкоски за реформите е разобличена- Брисел бара измени на Законот за судски совет

t

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ на прес конференција обвини дека со барањето на Брисел да има измени во Законот за судски совет била разболичена лага на премиерот Христијан Мицкоски.

„Уште една лага на Мицкоски за реформите е разобличена- Брисел бара измени на Законот за судски совет. Уште една лага на Христијан Мицкоски за реформите е целосно разобличена. Брисел по скратена постапка бара измени на Законот за Судски совет. А владата со месеци го претставуваше Законот како доказ за наводен реформски напредок. Сега стигна потврдата дека со манипулации и со трикови реформи нема. СДСМ за ова предупредуваше уште од самиот почеток. Претседателот Филипче, јавно посочуваше дека законот е усвоен без целосно почитување на препораките на Оценската мисија и Венецијанската комисија“, рече Димитријевиќ.

Според него, реформите на власта се само илузија, лага и манипулација.

„Истото беше нотирано и во забелешките што СДСМ ги достави, но Филков и Мицкоски намерно ги игнорираа. Денес се покажува дека СДСМ бил целосно во право. Ова е уште еден доказ дека реформите на власта се само илузија, лага и манипулација. Нема реформи во правосудството. Има само партизација и ставање под политичка контрола на власта. Советник на Мицкоски станува судија, за обвинител се избира сопруга на градоначалник од ВМРО. Портпаролката на Владата, на телевизиски настап изнесува информации за судски предмет којто е во тек. На прес конференции во ВМРО се изнесуваат детали за истраги во тек. Мицкоски дели задачи од собраниската говорница, преку телрвизија и преку телефон“, вели тој.

Генералниот секретар на СДСМ посочува дека столбот во Фронтот за вистина и правда на опозицијата е новиот Антикорупциски Закон.

„Нема ништо за милионските скандали со тендери кои ги објави СДСМ, тешки над 100 милиони евра. Експресно се одбива кривичната за Мицкоски, се молчи за кривичната на Славески, сопствениците на Алфа, нема истрага за Алта банка. Тоа е вистината денеска. Затоа столбот во Фронтот за вистина и правда е новиот Антикорупциски Закон. Правда со целосна дигитализација, соработка со Европското обвинителство, на кое што никој нема да може да влијае, како и заштита на сведоците кои што ќе пријавуваат коруптивни зделки. Само така може да се поврати довербата на граѓаните и да се направи нов систем. Доста беше од манипулации, доста беа лаги. Граѓаните заслужуваат вистински реформи“, кажа Димитријевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германските истражители идентификувале осомничени за нападот со…

Германските истражители идентификувале двајца мажи кои се…

Односите меѓу Москва и Берлин се на…

Некогашните односи за пример меѓу Русија и…

Големо невреме со град и силен ветер…

Силно невреме проследено со интензивен пороен дожд,…

Трамп предлага Ормутскиот Теснец да се преименува…

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи Ормутскиот Теснец…

Вучиќ го одложи митингот на СНС во…

Српскиот претседател Александар Вучиќ го одложи митингот…