Димитров го брани Преспанскиот договор: Времето покажува дека договорот ги смирува работите, не ги ескалира
Поранешниот министерот за надворешни работи – Никола Димитров, еден од потписниците на Преспанскиот договор вечерва во гостување на ТВ24 рече дека времето покажало дека Преспанскиот договор е позитивен и како што рече ги смирува работите.
– Имплементацијата не е сјајна од двете страни, толкувањето е што точно е официјална употреба, што точно е официјален контекст. Не мислам дека во една реченица треба да се повтори Северна Македонија, но има чинови коишто ретко може да се наречат неформални. Еден таков чекор е заклетвата, особено имајќи го предвид контекстот, најавите во кампањата и доаѓа една нова политичка сила која што не е помирена со Преспанскиот договор. Затоа беше голема тежината на тој чин. Не личи дека било која од двете страни сака да го сруши овој договор. Двете страни велат дека не се среќни со тоа. Подобар договор за грчката страна ќе значи полош за македонската и обратно. Затоа станува збор за компромис кој по пет години направи ситуација во која што на Грција не се гледа како закана. Времето покажува дека Договорот ги смирува работите, не ги ескалира за разлика од односите со Бугарија, рече Димитров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД и Иран постигнаа договор – цените…
Шехбаз Шариф, Премиерот на Пакистан, кој дејствуваше…
Се бројат часови до потпишување на првичниот…
САД и Иран се согласија за рамка…
13 милиони денари ќе чини одржување на…
13 милиони денари ќе чини одржување на…
Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат…
За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални…
Што не го раскине договорот? Мицкоски кон…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска повторно говореше за…