Димитров: Не гледам никаква опција да се постигне двотретинско мнозинство за промена на Уставот!

t

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, вечерва изјави дека Бугарија има аспирација да нѐ „бугаризира и асимилира“.

„Има јасно соопштено таква аспирација дури и од шефот на бугарската држава, која што е испреплетена со нашиот пристапен процес кон ЕУ. Ние не сме внатре, тоа е погрешна теза. Ние сме во НАТО и таму сме рамноправни. Ако сега ова помине, следнава недела можеме да имаме Прва меѓувлаадина конференција со ЕУ и Комисијата ќе почне скрининг, но фазата за отворање е во две меѓувладини. За втората ќе чекаме двотретинско мнозинство во Собранието и отворање на Уставот, рече Димитров во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5.

„Не гледам никаква опција пратеник од опозицијата да влезе и да гради двотретинско мнозинство за овој предлог. Овој предлог, за разлика од Преспанскиот договор, не го затвора македонското прашање на начин „ние сме Македонци кои зборуваат на македонски јазик“.“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На денешен ден Заев и Димитров беа…

На денешен ден пред 6 години тогашниот…

Димитров побарал aпaнaжа: Живеам од плата, не…

Од министрите и замениците министри кои не…

Димитров удpи по Ковачевски на Фејсбук: Салама…

Никола Димитров, поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, денеска…

И Димитров yдpи по Маричиќ: He е…

Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен…

Moeто пpeдупредување стана реалност: Си ги ослабнавме…

Поранешниот вицепремиер за евронитеграции, Никола Димитров изрази…