Димитров: Оваа антимакедонска и непријателска изјава на Радев е врвен скандал – Нашите партнери да не’ поддржат наместо да викаат “решете си го спорот”

t

Поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров, смета дека денешната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев за македонскиот идентитет е е дрска, безобразна и непристојна.

-Да се тврди дека нечиј идентитет е вештачки, фалсификат, е неписмено. Сите нации на светот се општествени творби, општествени конструкции. Резултат на конкретен и сложен сплет на историски настани и процеси. Бидејќи тука не се работи за гените, тука се работи за чувство на заедништво. Поделбата на природни и вештачки од природните науки оттука е неприменлива во овој контекст, вели Димитров.

За поранешниот министер, изјавата на Радев е навреда и говор на омраза.

-Тоа што оваа изјава доаѓа од државниот врв во Софија е врвен скандал. Изјавата очигледно е антимакедонска и непријателска. За да зборуваме за некаква антибугарска политика кај нас, треба да зборуваме за Бугарите. Ние немаме ама баш никакво барање кон Бугарија, освен да не’ почитува. Овде се работи за нас, ние сме предмет на изјавата, како што впрочем ние сме предмет и на антиевропскиот спор. Таа се бави со македонскиот идентитет, го нарекува фалсификат на комунистичката интернационала. Ова е крајно опасен наратив, незамислив во демократска Европа. За жал, идентичен на наративот на Путин кон соседна Украина. Замислете комшии, претседател на соседна земја да ви каже дека бугарскиот идентитет ви е нечиј фалсификат. Ставете се на наше место, макар за миг, колку и тоа да ви е незамисливо. Исто толку ни е незамисливо и нам, потенцира Димитров.

Според него, со ваквите изјави е тешко да се гради вистинско пријателство.

-Конечно, нашите пријатели и партнери од демократскиот свет треба да се одважат и да застанат јасно зад принципите што ги застапуваат. Светот меѓу другото ни е на ова дереџе токму поради молкот тогаш кога треба да се застане на страната на принципите. Вакви изјави и услови се срамни и недозволиви во европски рамки. Повикот “решете си го спорот” легитимира и го разјадува и идентитетот на ЕУ, смета Димитров.

Бугарскиот претседател денеска пред новинарите, одговарајќи на прашање, изјави дека „обидите на политичарите во Северна Македонија да изградат идентитет заснован на фалсификатите на Комунистичката интернационала, наместо на историската вистина, се против интересите на граѓаните на Република Северна Македонија кои сакаат членство во ЕУ“.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На денешен ден Заев и Димитров беа…

На денешен ден пред 6 години тогашниот…

Димитров побарал aпaнaжа: Живеам од плата, не…

Од министрите и замениците министри кои не…

Димитров удpи по Ковачевски на Фејсбук: Салама…

Никола Димитров, поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, денеска…

И Димитров yдpи по Маричиќ: He е…

Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен…

Moeто пpeдупредување стана реалност: Си ги ослабнавме…

Поранешниот вицепремиер за евронитеграции, Никола Димитров изрази…