Димитров прашува: Како ќе градиме пријателство со Софија ако не го признаваат македонскиот јазик?

t

Поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров вели дека не смееме да се плашиме од тоа што ни припаѓа.

-Бугарската декларација за јазикот е еден антицивилизациски напад. Тие со наводници велат дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, вештачки и посиромашен. Ако ова го вика официјална Софија, како воопшто мислиме да градиме пријателство и како ќе зборуваме за отворање на ново европско поглавје? Како ќе го затвориме прашањето со Бугарија со ваков предизвик? Во претходните предлози, верзии и преговори, не беше толку експлицитна навредата – македонскиот јазик согласно Уставот. Сега се надминале себеси. Ова што допрва ни претстои со вметнување на дел од Бугарите во преамбулата, како ќе го отвориме кога истата таа држава не го признава мнозинскиот народ во оваа држава, прашува Димитров.

Тој додава дека „понижувачки“ е тоа што се бара вметнување на бугарското малцинство во македонскиот Устав.

-Не зборувам за нивниот Устав. Тие не зборуваат за Македонци во Македонија. Не зборуваме за реципроцитет. Клучната промена во пресвртот на третите држави е што сопствената Влада вели да. На некој начин имаме неверојатно ситуација. Во реалноста сите знаеме дека црвената линија на рамката се напушти, знаат дека имаме билатерализација на европски процес и тоа реално со национализам. Ова се услови од друго време за жал, бугарска политика кон македонското прашање, рече Димитров во вестите на Тв Телма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нападите со дронови во Црното Море го…

Шест бродови се откажале од пристигнување во…

И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…

Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…

(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…

Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…

Интензитетот на нападите во Црното Море се…

(Видео) Голем протест во Софија по хибридните…

Стотици луѓе протестираа во четвртокот вечерта во…