Димитров ja oткри Америка: Бугарската политика си има зададено невозможна, антиевропска и антицивилизациска цел – да не’ убеди нас Македонците дека сме заблудени во однос на нашиот македонски идентитет

t

Бугарската политика си има зададено невозможна цел – да не’ убеди нас Македонците дека сме заблудени во однос на нашиот македонски идентитет. За тоа да го стори, ја користи својата предност и сила како земја членка на ЕУ. Бидејќи оваа цел е невозможна, да не зборувам колку е антиевропска и антицивилизациска, еден историски ден, Софија ќе ја прифати реалноста и ќе се соочи со нашето право на самоопределување, вели поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за Локално.

– Паралелно со тоа растење, ќе растеме и ние и без страв ќе се соочиме и со оние моменти од нашата историја со кои се уште се немаме целосно соочено, како што впрочем тоа го нема направено и бугарската историографија која со јазикот на светски познатата бугарска историчарка Марија Тодорова e “романтична и митолошка“, мислење од едно друго време што поминало. Токму затоа, клучно е нашите стратегии да ги насочиме во оваа насока, а дома вистински да се посветиме на реформите за да држиме чекор таму каде што е најважно. За тоа да го направиме, Владата треба да престане да се однесува како ној со главата во песок – вели Димитров.

Тој потсетува дека Владата еднаш ја нарекол „туѓа“, бидејќи, вели, вложија повеќе од тоа што имаа, ги направија сите можни концесии, за да ја почнеме фазата на отворањето, но го избербатија пристапниот процес заборавајќи дека нашата цел мора да биде тој да биде функционален и да води кон остварливо членство во ЕУ.

– Ние сакаме да се зачлениме во ЕУ или да ги почнеме преговорите? Практично, не само што не го решија вистински проблемот со Бугарија, туку дозволија таа мака да се легитимира, измеша и развлече низ пристапниот процес, како што всушност во една прилика објасни и самиот Петков, тогаш уште како премиер – истакнува поранешниот шеф на дипломатијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прилично глупав потег е тоа што потрошив…

Илон Маск изјави дека се чувствува „прилично…

Светско признание за „Безбеден град“ – Тошковски…

Македонскиот проект за унапредување на сообраќајната безбедност…

Почна вакцинацијата на овците и козите против…

Масовната вакцинација на овците и козите против…

Изградивме блиски врски со грчката полиција, заедно…

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…

Голема акција на МВР во Макстил!

Екипи на МВР по наредба за Основното…