Димовска: Се чувствувам загрозена по пораките на Апасиев дека ќе горам!

Се чувствувам загрозено. Претседателот на „Левица“ Димитар Апасиев ми се закани дека ќе горам, истакна новинарката Михаела Димовска од Канал 5 на почетокот на судскиот процес меѓу Канал 5 и Димитар Апасиев.
Димовска е првообвинета во тужбата на партијата Левица против новинари на Канал 5 и телевизијата, за како што Апасиев тврди , противзаконска објава на интерен партиски документ во вестите на Канал 5.
„Во ниту едно сценарио не можев да замислам дека во 2024 година, македонски политичар може да тужи новинар и медиум, само зошто си ја работат својата работа и затоа што ја известуваат јавноста. Пред сè како жена, не можев ни да замислам дека освен тоа што тужи со една небулозна тужба за којашто сум сигурна дека ќе падне, се закани дека ќе горам, јавно, на социјалните мрежи. Мислевме сите дека заврши времето кога се влечеа новинари по судови и се жигосуваа, но очигледно некои не влече назад. Со таа објава што беше на Фејсбук, каде што кажа дека ќе горам, тој за загрозува мојата безбедност“, изјави Димовска по завршувањето на рочиштето.
Продолжението на овој судски случај е закажано за 19 ноември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Со автомобилот излетал од патот и…
Драматична сцена утрово во населбата Ковилово, зад…
Трагедија: Син ја пронашол својата 89-годишна мајка…
– Денеска (25.07.2024) во Полициската станица Кочани,…
Седум пожари на отворено во последното деноноќие…
ЦУК: 1 882 повици на 112 во…
Тело на маж пронајдено во автомобил во…
Мртов маж бил пронајден во автомобил, кој…