Седум пожари на отворено во последното деноноќие и апел за одржување и чистење на локалните канали за одводнување

t

ЦУК: 1 882 повици на 112 во последното деноноќие, седум пожари на отворено и апел за одржување и чистење на локалните канали за одводнување

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 882 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 44,42%, а 55,58% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 65,43%, кон Итната медицинска помош 30,86%, кон пожарникарите 2,60%,а кон АМСМ 0,38% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, 1 049 повици за итни случаи на 112 во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 1,12% и на 55,58% именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно коордирнирање за нивно решавање во Системот за управување со кризи.

Седум пожари на отворено имаше евидентирано во последното деноноќие. Конкретно, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје гаснеле два пожари на отворено, а по еден гаснеле пожарникарите од Демир Хисар, Крушево, Прилеп, Македонски Брод, Старо Нагоричане и од ЈП „Национални шуми“ подружница од Велес известија за еден пложар на отворено.

Локалните поројни дождови во последното деноноќие предизвикаа локални излевања на одредени реки и канали. Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека водата од коритото што минува од село Вруток до село Бањица, Општина Гостивар, којашто поминува низ селото Мердита била излеана и влезена во двор и на две куќи и истата претставувала опасност од можно поплавување на објектите што се наоѓаат во непосредна близина. Од РЦУК Тетово биле известени надлежните во Општина Гостивар кои информирале дека ако има потреба ќе бидат ангажирани ЈП „Комуналец Гостивар“ за санирање на штетите и спречување на водата од понатамошно поплавување.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.
Истовремено, ЦУК информира дека потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар зад Универзална сала

Пожар избувна предмалку во куќа на улицата…

Од 12:00 до 16:00 часот ќе се…

Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што…

ЦУК: 22 пожари на отворено во последното…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…