Димовска: Со години укажуваме дека постојат многу неработни денови во државата

t

Компаниите членки на Стопанската комора со години укажуваат дека постојат многу неработни денови во државата и тоа им создава одредени проблеми од финансиска и организациска природа, рече Анета Димовска од Стопанската комора на Македонија во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Сите анкети што сме ги правеле дури укажуваат на тоа дека компаниите не се толку погодени од финансиската природа заради тоа што треба да исплатуваат зголемени дневници за работа во празник, колку што се погодени од тоа дека имаат опортунитетен трошок заради неможноста да ги завршат работите пред, условно речено, органите на државната управа, банки, итн. кога станува збор за неработни денови“, рече Димовска.

Таа посочи дека е извршен увид во бројот на празници во еврппските држави, пришто биле анализирани 35 европски држави, дел членки на ЕУ, дел не.

„Дојдовме до следниот заклучок, кај нас 11 неработни денови се неработни за сите граѓани во државата, додека за различни заедници, делови од народи или припадници на одредени верски заедници постојат и други празници кои што се дополнително неработни. Пет празници се неработни за припадниците на православа вероисповед и понатаму, нели, постојат и други. Убедени сме дека ваквата поставеност во систем во овој момент не е во согласност со Устав од причина што за одредени граѓани постојат многу повеќе неработни денови по овој основ за сметка на други. Па така, ако сте припадник на влашката или српската заедница, вие имате 17 неработни денови македонската 16, итн.“, истакна Димовска.

Расправата за бројот на празници е веќе ставен во планот за работа на Економско-социјалниот совет за 2026 година, посочи Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи.

„Отвораме расправа. Гледаме дека има многу нелогичности, неправилни работи. Факт е дека имаме најмногу државни празници од речиси цела Европа, факт е дека со верските празници се прави нееднаквост кон граѓаните и неправичност и многу тешко се усогласуваат тие барања, затоа што имаме дејности во кои ако едни работници не дојдат, другите не можат да работат во остварување на производниот процес. Тогаш фактички ви останува или никој да не работи или сите да работат“, рече Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димовска: Со години укажуваме дека постојат многу…

Компаниите членки на Стопанската комора со години…

Апсење на ГП Табановце, Австриец заврши со…

На 07.10.2026 во 18.00 часот на Граничен…

Ќе се изведуваат докази во новото судење…

Во судницата во „Идризово“ при Основниот кривичен…

Ново рочиште за Артан Груби и Перпарим…

Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“, во…

Жените од овој град во Италија имаат…

Ново истражување покажува дека жените во планинска…