Димовски в петок ќе реферира за улогата на АНБ при доделување македонско државјанство на Онишченко

t

Претседателот на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање Љупчо Пренџов за МИА изјави дека утре ќе се одржи седница со дневен ред: Улогата на Агенцијата за национална безбедност во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство, но дека во петок директорот на АНБ Виктор Димовски ќе реферира пред комисијата.

Пренџов кажа дека утре ќе ја отвори седницата и по усвојувањето на дневниот ред ќе биде поделен материјал, но оти расправата ќе биде во петок. Пратеникот рече дека очекува пратениците од владејачкото мнозинство да присуствуваат на седницата утре и на продолжението в петок.

Претходно вчера во изјава за медиумите Пренџов кажа дека Димовски е најповикан да одговори за издавањето пасош на украинскиот државјанин кој е баран во неговата земја и е на црната американска листа.

-Тој е најповикан да одговори. Лично сум многу загрижен во врска со издавањето на македонски државјанства и на македонски пасоши веќе имам чувство дека секој втор криминалец има во џебот македонски пасош и според мене сметам дека тоа е сериозен предизвик и аномалија во безбедносниот сектор во државата, рече Пренџов.

Украинскиот државјанин Онишченко станал македонски државјанин како спортист во еквистријан по предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…

Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…

ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…

Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…

Се запалиле бандери за електрична енергија во…

Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…

Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…

Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…

ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…

Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…