Димоски: Се додека се во затвор луѓето осудени за 27 април, џабе зборуваме за се друго во правосудството
И без секојдневните скандали во правосудството, јас знам колку е очајна и безнадежна состојбата во тој сектор.
Меѓутоа на мислење сум дека секаква интервенција за оправање на работите е излишна се дури најпрво не се реши следново:
Имено во нашите затвори, служат долгогодишни затворски казни луѓе осудени за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од КЗ. Тоа се случува овде и сега, пред очите на нас кои ако држиме до својот стручен интегритет и базичната чесност ќе кажеме дека не само што квалификацијата на делото е несоодветна туку и постапката пред судот беше пример за пристрасност (за тоа нека им горат ушите на Јовески, Рускоска и Кацарска). Да резимирам, во нашите казамати лежат неправедно осудени луѓе, а државните политики ни ги водат некритички ослободени криминалци.
Дури тоа не го оправиме, џабе зборуваме за се друго во правосудството.
(фејсбук статус на екс обвинителот, сегашен адвокат Војо Димоски)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…
Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…
САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…
Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…