Директорот на затворот во Шутка поднел оставка од лични причини

t

Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски поднел оставка од директорската функција, потврдија од Влада за „Слободен печат“. Информацијата се објавуваше на социјалните мрежи, но официјална потврда немаше досега. Во оставката навел дека ја поднесува од лични причини.

-Директорот на КПУ Затвор „Скопје-Скопје“ во Шуто Оризари, Бобан Утковски, има поднесено оставка до Владата, која ќе биде предмет на разгледување на една од наредните седници на Владата. Во оставката е наведено дека причините за нејзиното поднесување се лични причини. По именувањето на нов директор на КПУ Затвор „Скопје-Скопје“ во Шуто Оризари, јавноста ќе биде навремено и соодветно ќе биде информирана од страна на Владата – велат од Владата во одговорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ