Директорот на Катастар: Премиерот и Претседателот живеат во дивоградби
Директорот на агенцијата за катастар на недвижности Борис Тунџев во гостување во емисијата Топ тема на Телма рече дека доколку предметите за легализација на објектите на претседателот и на Владата се во процедура, истите де факто се дивоградби.
-Прво, овие два објекта се објекти од посебен карактер, и таму самата постапка за да се изврши предмер и да се запишат е сосема различна од запишувањето на било кој друг објект. Тоа се објекти, резиденцијални објекти на претседателот, на Владата и на државата, и тие се објекти од прва категорија и за нив, колку што го слушнав директорот на општи и заеднички работи господинот Мирчевски дека постапката е завршена. Ако се подразбира дека постапката е завршена, тоа може да значи дека истите тие можеби добиле решение за легализација или е во постапка на носење на одлука на Влада со која што Агенцијата за катастар на недвижности ќе биде задолжена врз основа на предмер да се запишат внатрешните површни, рече Тунџев.
На прашањето дали објектите на претседателот и премиерот се дивоградби, Тунџев рече доколку предметите се во постапка, тие значи дека се уште не се легализирани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО оформи предмет за дивоградбите во Охрид…
По вчерашниот извештај на Државниот завод за…
Османи ќе направи кризен штаб за дивоградбите
Бујар Османи, кандидатот за градоначалник на општина…
Тошковски не знае дали има утврден случај…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели…
Траги-комична одбрана на Меџити: Секаде има дивоградби
По случувањата на релација Град Скопје-Општина Чаир…
СДСМ: Мицкоски не смее да му писне…
Секој ден што минува, сè појасно станува…