Директорот на МЕПСО открива што се случуваше вчера – не станува збор за човечки фактор

t

Испад на далекуводот, трафостаницата Скопје 4 кон трафостаница Бунарџик и пожар во близина на трафостаницата беше причина за прекин со снабдувањето на електрична енергија, вели генералниот директор на АД МЕПСО Орхан Муртезани.

Тој во Утрински брифинг истакна дека овие фактори условиле испаѓање од погон на двата 400 киловолтни трансформатори, но, како што рече, диспечерите експресно воспоставиле напон во најголем дел од населените места и за неполн час поголеми делови во Скопје се снабдуваа со електрична енергија.

Според него, исклучена е можноста човечки фактор да е причина за дефектот кој вчера го остави главниот град без струја.

-Според експертското мислење на службите, станува збор за дефект која се појавува одвреме навреме и минимални се шансите причина за дефектот да биде човечки фактор, бидејќи последиците можат да чинат човечки живот. Се работи за стандареден дефект кој се појавува одвреме на време – истакна Муртезани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воздушна тревога: НАТО крена борбени авиони поради…

Нова безбедносна тревога вечерва е активирана на…

Кина исфрли двајца од најмоќните генерали –…

Пекинг објави една од најзначајните чистки во…

Клековски: Во центарот на акцијата против криминалната…

Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва во…

Светот во шок – Зеленски нуди безусловен…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати една од…

Мицкоски на средба со претставници од американската…

Премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со бизнис-претставници…