Директорот на ПИОМ вели дека пензионерите го чинат 220 милиони евра годишно за здравство
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување годишно префрла околу 13,7 милијарди денари, или повеќе од 220 милиони евра, во Фондот за здравствено осигурување за здравственото осигурување на пензионерите, вели директорот на ПИОМ Никола Мемов. Тој предлага овој трошок во иднина да не се финансира од пензиските придонеси на сегашните вработени.
Според Мемов, ПИОМ во моментов за здравственото осигурување на пензионерите издвојува сума во висина од 11,8 отсто од нето исплатените пензии.
До 31 декември 2025 година стапката изнесувала 13 отсто.
„На годишно ниво, таа сума изнесува 13,7 милијарди денари, односно над 220 милиони евра“, вели Мемов.
Тој посочува дека парите се обезбедуваат од придонесите за пензиско и инвалидско осигурување што ги плаќаат сегашните осигуреници и смета дека ваквиот модел претставува дополнителен товар за ПИОМ.
„Тука треба да има промена и да се најде поинаков начин на финансирање на здравственото осигурување на пензионерите, а не како што е сега, да се финансира од придонесите за пензиско осигурување“, вели Мемов.
Пензискиот систем во Македонија во првиот столб функционира врз принципот на генерациска солидарност, односно придонесите на сегашните осигуреници се користат за финансирање на правата на сегашните пензионери. Стапката на придонес за пензиско и инвалидско осигурување изнесува 18 отсто од бруто-платата, а кај осигурениците во двостолбниот систем шест процентни поени се префрлаат во вториот столб.
Предлогот на Мемов засега не значи дека здравственото осигурување на пензионерите би чинело помалку. Тој предлага да се промени изворот од кој се обезбедуваат тие 220 милиони евра, со што дел од средствата што сега ги издвојува ПИОМ би останале во пензискиот фонд.
Директорот засега не прецизира од кој друг извор би се обезбедувале парите доколку биде променет сегашниот модел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директорот на ПИОМ вели дека пензионерите го…
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување годишно…
Насилно ја внел својата 17-годишна девојка во…
Полицијата во Велес приведе 21-годишен жител на…
Гранати од Првата светска војна пронајдени при…
Две артилериски гранати заостанати од Првата светска…
Жена натепала скопјанец откако се скарале за…
Скопјанец вчера нападнат од жена откако настанало…
Штипјанка измамена за речиси 5.000 евра од…
42- годишна жена од Штип вчера пријавила…