Објавено на:

Директopoт на Модерна: Виpycот нema да иcчезне, ќе биде потребна и четврта доза вakцина

t

Извршниот директор на компанијата Модерна Стефан Бансел кажа дека заштитата која ја пружа бустер дозата на вакцината против коронавирусот со време ќе опадне и дека на граѓаните веројатно ќе им биде потребна дополнителна, четврта доза вакцина оваа есен.

Бансел тврди дека оние кои примиле бустер доза минатата есен веројатно ќе имаат доволно заштита да ја пребродат зимата, но дека ефикасноста на таа доза во текот на следните неколку месеци ќе опадне, слично како по примањето на првите две дози.

Во моментов во светот, поради омикрон варијантата, се шири нов голем бран на инфекции со коронавирусот. Во САД сега неделниот просек изнесува повеќе од 547.000 нови случаи дневно, пишува Си-ен-би-си.

Извршниот директор на Модерна кажа дека владите, вклучувајќи ги британската и јужнокорејската, веќе нарачуваат дополнителни дози.

„Сè уште сметам дека на есен 2022, но и подоцна, ќе ни требаат дополнителни бустер дози“, кажа Бансел додавајќи дека доколку пандемијата продолжи, постарите луѓе веројатно ќе мора да се вакцинираат еднаш годишно.

Зборувавме дека сметаме дека овој вирус нема да исчезне. Ќе мораме да научиме да живееме со него“, кажа Бансел.

Директорот на Модерна предупреди дека дополнителни мутации на вирусот би можеле повторно да го променат текот на пандемијата.

„Невозможно е да се предвиди дали за неколку дена, неколку недели или месеци ќе се појави нова мутација која е полоша во смисла на сериозноста на болеста. Мораме да бидеме внимателни“, кажа тој.

Модерна минатиот месец објави прелиминарни резултати од истражувања кои покажуваат дека нејзината во моментов одобрена бустер доза од 50 микрограма за 37 пати го зголемила бројот на антитела кои ја блокираат инфекцијата со омикрон, додека таа од 100 микрограма го зголемила тоа ниво 83 пати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Биотехнолошките компании сакаат да лансираат вакцина против…

Биотехнолошките компании сакаат да лансираат вакцина против…

Германска компанија претстави лек против рак: Туморот…

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги…

САД размислуваат да препорачаат годишна вакцина за…

САД најверојатно ќе почнат да препорачуваат годишни…

Германски инфектолог: Во иднина задолжително да се…

Германскиот инфектолог Андреј Трампуж вели дека верува…

Американската ФДА одобри нова вакцина против Ковид-19,…

Американската Агенција за заштита од заразни болести…