САД размислуваат да препорачаат годишна вакцина за Ковид-19

t

САД најверојатно ќе почнат да препорачуваат годишни вакцини против Ковид-19, соопштија здравствените власти.

Соопштението беше објавено откако земјата одобри воведување на нови, засилувачки, дози вакцини, дизајнирани да се борат против варијантите на коронавирусот кои моментално се шират.

До крајот на неделата, 90 отсто од Американците ќе живеат на осум километри од местата каде што ќе можат да добијат адаптирани вакцини, рече секретарот за здравство и хуманитарни прашања Хавиер Бесера.

Здравствените власти велат дека луѓето би можеле да ги добијат новите засилувачки дози оваа есен или зима, заедно со нивните редовни вакцини против грип. Според нив, ова најверојатно ќе стане годишен ритуал.

– За значително мнозинство Американци, се приближуваме до точка каде што една годишна доза против „Ковид” треба да обезбеди висок степен на заштита од сериозни болести во текот на годината, изјави пред новинарите координаторот на Белата куќа за борба против Ковид-19 Ашиш Џа.

Врвниот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, рече дека доколку не се појави значително различна варијанта на вирусот, годишните вакцини треба да понудат доволно заштита за повеќето луѓе. Сепак, според него, некои ранливи групи на луѓе можеби ќе имаат потреба од почести вакцинации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Или сте со нас, или против нас“…

Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…

Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…

Вкупно 757 американски војници се ранети од…

Америка крие тела на четири вида вонземјани,…

Научник, кој со децении работел со програмата…

Долгот на САД за првпат надмина 40…

Јавниот долг на САД за првпат ја…

Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…

Околу половина од нафтата што моментално се…