Диригент од Минхенската филхармонија отпуштен поради давање јавна поддршка на Путин
По ултиматумот кој градоначалникот на Минхен Дитер Рајтер му го даде на главниот диригент на Минхенската филхармонија Валериј Гергијев јавно да се огради од поддршката на Владимир Путин, што маестрото не го направи, тој доби отказ.
Според Њујорк Тајмс, Гергијев, и покрај повикот да го стори тоа, одбил јасно да ја осуди војната во Украина. Инаку, многу други културни институции во Европа ја прекинаа соработката со познатиот диригент.
Одлуките беа донесени брзо: 68-годишниот веднаш беше заменет со друг диригент на три концерти со Виенската филхармонија во познатата њујоршка Карнеги хол.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Откако пилотите пријавиле чудни нарушувања, аеродромот во…
Аеродромот во Минхен утрово повеќе од еден…
200.000 демонстранти против владата во Иран во…
Двеста илјади демонстранти се собраа денес на…
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…
Путин го разреши заменик шефот на неговата…
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…