Дијаспората ќе гласа само за претседател, не и за пратеници

t

2.610 Македонци од дијаспората ќе гласаат на седмите претседателски избори. За парламентарните нема доволно пријавени. Ова се последните податоци од Државната изборна комисијата. Одбиени пријави за гласање биле 342. Но оваа бројка не е конечна, може да се промени доколку до утре Министерството за надворешни работи до ДИК, достави пријави од наши државјани поднесени во дипломатско-конзуларните претставништва. Гласањето треба да се организира во 24 земји.

Најмногу прифатени барања за гласање има во Германија – 578, потоа во Словенија – 327, во САД – 241, во Белгија – 91, а најмалку во Кина каде 12 наши државјани се пријавиле да гласаат на идните претседателски избори. Инаку за да се организираат избори во некое од нашите дипломатски-конзуларни претставништва потребно е да се пријавени најмалку десет избирачи.

Во однос на парламентарните избори, според ДИК, пратениците се избираат во изборната единица во странство според пропорционалниот модел, односно тука има уште еден услов како своевиден цензус. За да биде избран пратеник од изборната единица 7 треба да освои најмалку онолкав број на гласови колку што освоил пратеник со најмал број на гласови на територијата на државата на последните парламентарни избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…

„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…

„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…

САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…

Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…

ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ АКТЕР ПАТРИК СТЈУАРТ: Ѕвездата на…

) Легендарниот британски актер сер Патрик Стјуарт,…