ДКСК го попари Николоски: Не постои никаква хациенда на Филипче

t

Државната Комисија за спречување корупција уште во 2021 го затворила предметот за наводната хациенда за која денес Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ го обвини Венко Филипче. Николоски на прес конференција го запраша Филипче од каде му се парите за луксузна хациенда и го обвини за низа други работи посочувајќи дека Филипче се прибавил до пари на неправен начин.

Но оваа афера кратко издржа во јавноста бидејќи брзо по изјавата на Николоски во јавноста излезе документот со кој ДКСК уште пред три години потврдува дека за овој случај нема никаков конфликт на интереси и Венко Филипче нема направено никакво прекршување.

„Не гледам дека постои некаков судир на интереси како што беше наведено во пријавата. Станува збор за приватни лица, а не за службени лица во време кога се купувало земјиштето. Се е уредно пријавено во анкетните листови и предлагам целата постапака за запре и предметот да се затвори“, рече Ивановска, тогашната претседателка на ДКСК, која инаку важеше за жесток борец против функционерите од Владата на СДСМ.

Сега останува отворено прашањето дали ќе одговара Николоски за овие клевети и за предмет кој повеќе од очигледно одамна не е тема. Венко Филипче веднаш по изјавата на Николоски жестоко реагираше на Фејсбук, посочувајќи дека ќе поднесе тужба за клевета. Тој пишува дека ДКСК има донесено одлука за овој предмет кој ВМРО-ДПМНЕ уште одамна се обидува да го претстави како некаква афера.

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека не очекував Николоски да прерасне во кафански озборувач“ – напиша Филипче споделувајќи линк од изјавата на Николоски во која вели дека Пендаровски за Филипче тајно кажувал дека е корисник на опојни дроги.

„Што се однесува до сите лаги пласирани за наводна моја хациенда на Водно за која ДКСК има одамна одлука дека не ја поседувам, ќе добие соодветна тужба. Тужба ќе добие и за другите клевети кои ги изрече.“ – завршува Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

ДКСК го попари Николоски: Не постои никаква…

Државната Комисија за спречување корупција уште во…

Петровска: Нема ништо спорно околу набавката на…

Славјанка Петровска – актуелната министерка за одбрана,…

Еве што смеат, а што не функционерите…

Во пресрет на претседателските избори на 24…

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…