ДКСК има забелешки на начинот на кој е избиран новиот шеф на ОЈО ГОКК
Првата антикорупционерка Билјана Ивановска вели дека тоа што во јавноста излегоа фотографии на Ислам Абази со првите луѓе на ДУИ, остава простор за сомнеж дека „постоело некакво влијание“.Таа има забелешки во начинот на избор на шеф на ова обвинитлество, но не за тоа како гласале обвинителите, туку за отсуството на критериумите, како што се оценките на Советот на јавните обвинители и програмата за работа.
„Во отсуство на сите овие работи што ги набројав, останаа сликите со блиски лица во партијата, што остава простор да веруваме дека постоело некакво влијание. Доколку е тој човек со интегритет може да се избори и да докаже дека е тој што ќе го среди Обвинителството. Всушност треба да му дадеме простор на човекот, но сликата до сега не е поволна.“-Билјана Ивановска – ДКСК.
Дека се потребни построги правила за избор на шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција сметаат и од Министерството за правда. Од таму посочуваат дека ќе треба да се разгледа потребата од воведување на цензусот при изборот и воведување на втор круг на избори. И првиот човек на Советот на јавните обвинители Антонио Јолевски е на став дека треба да се заострат критериумите, но вели и дека на Абази треба да му се даде временски период да видиме како тој ќе се покаже.
„ Овде се почна со негативни оцени уште непочнато со работа. Мислам дека не е во ред под притисок да работи сепак има за него дека голем број на обвинители дека веруваат во него, и јас добро го познавам преку извештаи преку неговата работа и имам позитивно мислење. Бидејќи гостиварското вишо обвинителствоот кое тој го раководеше беше едно од најнеажурните во Републиката, па стана едно од најажурните.“-Антонио Јолевски – Претседател на Советот на Јавните обвинители.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски вели дека со изборот на Абази продолжила партизацијата на инстутициите кои треба да бидат носители на правда.
Според актуелниот Закон за јавните обвинители, за шеф на јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција може да биде избрано лице кое има неприкинат работен стаж од најмалку шест години како јавен обвинител и кој е оценет со позитивна оценка во последните три години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Паланчани во сабота излегуваат на протест против…
Жителите на Крива Паланка во сабота излегуваат…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна…
Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата…
Северна Кореја ги проширува капацитетите за збогатување…
Северна Кореја ги проширува капацитетите за збогатување…
Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) досега…
Трамп: На САД не им е потребна…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на…