ДКСК поднесе предмет до Обвиннителството: Во време на пандемија се набавувало без тендери во неколку институции!

t

Државната комисија за спречување на корупција до Обвинителството поднесе предмет за корупција при јавни набавки за време на Ковид-пандемијата.

Најголем дел од набавките биле спроведени без јавен оглас поради наводна итност на набавките.

Антикорупциската комисија која по сопствена иницијатива отвори предмет, денеска на седница одлучи да го запре постапувањето со заклучок дека корупција не може да се потврди поради тоа што слабостите се должат пред се на немање ефикасен систем за набавки во вонредни услови и дека пандемискиот период бил „хаотична ситуација“ во целиот свет.

Катица Николовска, член на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), образложувајќи го предметот соопшти дека во нивната анализа избрале одредени јавни набавки на неколку институции – Владата на СМ – Генерален секретаријат, Град Скопје, ЈЗУ Градска општа болница „8 Септември“, Институт за белодробни заболувања кај деца Козле, ЈЗУ Клиничка болница Штип, Министерство за внатрешни работи, Министерство за здравство, Општина Бутел, УКИМ – Медицински факултет.

Од нив побарале и добиле документација за набавките, а од Државниот завод за ревизија побарале ревидирање на постапките за да се утврди незаконитост при спроведувањето и ДЗР го објавил извештајот на неговата веб-страница.

Извештајот нотира бројни слабости при реализација на договорите за набавките и не е обезбедена задоволителна транспарентност, посочи Николовска. Поради итност на набавките не е вршено квалитетно планирање на набавките и покани за преговарање се доставени до помал број економски оператори и без анализа на количините на средства и опрема што се потребни. Дел од тендерските документации не им обезбедувале на економските оператори целосни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапките и не е обезбедена конкурентност за економските оператори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предложен притвор за недозволено држење оружје и…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Србин избодел со нож едно лице на…

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против…

Обвинител изврши увид на местото на пукањето…

Основното јавно обвинителство Скопје информираше попладнево дека…

Истрага против две лица за илегална трговија…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Уапсен дилерот од Куманово кој дивееше во…

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истрага против…