ДКСК со потсетување: забрането вработувањe и трошење буџетски пари пред локалните избори

t

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ги потсети сите државни институции, политичките партии, учесниците во изборниот процес и јавноста на законските ограничувања за користење и располагање со буџетски средства во периодот пред престојните локални избори.

Според соопштението од ДКСК, од денот на распишување на изборите, па до нивното завршување и конституирањето на општинските совети и Советот на Град Скопје, важат повеќе забрани.

Меѓу нив е забраната за започнување нови инвестиции во инфраструктурни и објекти за општествени дејности, освен ако средствата се предвидени во буџетот и програмата за тековната година. Во овој период не е дозволено вршење вонредни исплати на плати, пензии, социјална помош и други надоместоци што не се редовни месечни исплати, како и започнување постапки за нови вработувања или отпуштања, освен во итни и неодложни случаи.

Како што се наведува, забрането е и користење пари од анонимни или незаконски извори за финансирање на кампањата, како и користење државен или општински имот и средства за политички цели.

Законската рамка предвидува и забрана за поткуп на гласачи, како и за вршење притисок или заплашување врз нив. Од дваесет дена пред почетокот на кампањата, забрането е одржување јавни настани за започнување или пуштање во употреба на објекти финансирани со јавни средства.

Исто така, не смее да се користи канцелариски простор и службени возила на државни органи, освен за службеници со посебни прописи за заштита на личноста, а јавните институции се должни да достават податоци за моторните возила со кои располагаат.

Министерството за финансии, во овој период, е обврзано јавно да ги објавува сите буџетски исплати, освен редовните, и да поднесе предизборен финансиски извештај со преглед на приходите и расходите од почетокот на фискалната година до денот на извештајот.

ДКСК најави дека ќе го следи целокупниот изборен процес и ќе реагира при сомневања за прекршување на законот, за што ќе ги известува надлежните органи.

Во соопштението од ДКСК, е наведено дека комисијата ја охрабрува јавноста, медиумите и здруженијата навремено да пријавуваат евентуални прекршувања на забраните утврдени во Законот за спречување на корупцијата и Изборниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РУСИЈА ОДГОВОРИ СО НОВ НОЌЕН НАПАД ВРЗ…

Додека украинските беспилотни летала напаѓаа цели длабоко…

Европската комисија со шест постапки против Бугарија,…

Европската комисија покрена шест постапки против Бугарија…

Mицкоски: Ако зелената транзиција ја направиме социјално…

Зелената транзиција е неопходна, но светот ризикува…

Обвинителството бара дополнителни шест години за Тачи:…

Специјализираното обвинителство во Хаг побара Хашим Тачи…

Папата: Загрижен сум за трендовите во општеството…

Папата Лав денес цврсто го повтори противењето…