ДКСК ќе бара одговорност за управители на АД Електрани за сертификати по англиски јазик

t

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница донесе одлука да поднесе иницијатива за утврдување одговорност до основачот на АД Електрани и до надлежното Јавно обвинителство, поради сомневања за незаконито именување управители во компанијата.

Според наодите на Комисијата, избраните управители не ги исполнувале законските услови, бидејќи не поседувале меѓународен сертификат за активно познавање на англиски јазик, како што е предвидено со закон. Наместо тоа, биле приложени сертификати од други центри за странски јазици, кои не се признати според законските критериуми.

Во врска со овој случај, ДКСК одлучи да поднесе иницијатива до АД Електрани и до Јавното обвинителство, со цел да се утврди евентуална одговорност за прекршување на законските процедури при именувањето.

На истата седница, Комисијата донесе одлука за запирање на повеќе предмети, а беа разгледани неколку иницијативи поврзани со урбанистички планови, како и пријава против министер и помошник министер за внатрешни работи заради незаконитости за издадено решение за отказ на работа, за кои, како што беше одлучено, ДКСК нема елементи за понатамошно постапување, бидејќи предметот е во надлежност на Апелациониот суд Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДКСК ќе бара одговорност за управители на…

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)…

Поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска е…

Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, во чиј…

ДКСК ги потсетува властите дека не смеат…

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)…

Утре ќе биде распишан оглас за нов…

Oгласот за избор на нов претседател на…

Поранешната претседателка на ДКСК, Димитровска се враќа…

Поранешната прва антикорупционерка Татјана Димитровска се враќа…