ДКСК ќе бара одговорност за управители на АД Електрани за сертификати по англиски јазик
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница донесе одлука да поднесе иницијатива за утврдување одговорност до основачот на АД Електрани и до надлежното Јавно обвинителство, поради сомневања за незаконито именување управители во компанијата.
Според наодите на Комисијата, избраните управители не ги исполнувале законските услови, бидејќи не поседувале меѓународен сертификат за активно познавање на англиски јазик, како што е предвидено со закон. Наместо тоа, биле приложени сертификати од други центри за странски јазици, кои не се признати според законските критериуми.
Во врска со овој случај, ДКСК одлучи да поднесе иницијатива до АД Електрани и до Јавното обвинителство, со цел да се утврди евентуална одговорност за прекршување на законските процедури при именувањето.
На истата седница, Комисијата донесе одлука за запирање на повеќе предмети, а беа разгледани неколку иницијативи поврзани со урбанистички планови, како и пријава против министер и помошник министер за внатрешни работи заради незаконитости за издадено решение за отказ на работа, за кои, како што беше одлучено, ДКСК нема елементи за понатамошно постапување, бидејќи предметот е во надлежност на Апелациониот суд Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството бара осуда, одбраната ослободителна пресуда за…
Обвинителството во завршните зборови за предметот во…
Чучуљ: Антикорупциската комисија нема надлежност да се…
ДКСК не е надлежна да се меша…
Левица: Скандалозен избор на Зајковска во ДКСК
Вчерашната одлука на собраниската комисија со која…
Апасиев поднесува кривична пријава против членови на…
Пратеникот Димитар Апасиев денес објави дека поднесува…
Левица: Дали кандидатка за член на ДКСК…
На собраниска комисија беа интервјуирани кандидатите за…