Поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска е кандидат за градоначалник на Центар!

t

Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, во чиј мандат ДКСК ги доби највисоките оценки и пофалби за битката со корупцијата ќе биде кандидат за градоначалник на општина Центар.

Ивановска е кандидат за фотељата прв човек на Ценар од платформата „Независни заедно“ соопштија на социјалните мрежи од „Шанса за Центар“

Кандидатурата ќе ја објави Ивановска утре претпладне во 9.30 часот на прес конференција пред фонтаната Лотус на влезот на Градскиот Парк.

„Почитувани сограѓани,
граѓанските иницијативи од Платформата „Независни заедно“, ја имаат честа да ја претстават истакната борка за правда и антикорпуционерка и една од најреспектабилните јавни личности, Билјана Ивановска, како независна кандидатка за градоначалничка за Општина Центар.
Ивановска е поддржана од иницијативите „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и граѓанската иницијатива „Групација 398“, соопшти Платформа “Независни заедно”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството бара осуда, одбраната ослободителна пресуда за…

Обвинителството во завршните зборови за предметот во…

Без струја делови од Карпош, Центар и…

Без електрична енергија денеска ќе останат делови…

За паркинг на второ возило во Центар…

Во услови кога бројот на возила во…

Левица: Скандалозен избор на Зајковска во ДКСК

Вчерашната одлука на собраниската комисија со која…