Дневен хороскоп за 6. март 2023: Eве што ви носи овој понеделник!

t

ОВЕН

Со задоволство ќе им се препуштите на омилените активности и ќе се „исклучите“ за околината. Честопати овие ваши необичности ги збунуваат другите и ве лишуваат од нивната наклонетост кон вас. Пазете се од недобронамерници коишто ќе се обидат да ве вовлечат во нивните интриги.

БИК

Со вашето добро расположение ќе го привлечете вниманието на другите. Тоа е корисно за вас, особено ако имате деловни состаноци и контакти со различни луѓе. Пријатни емоции ќе има и во интимната сфера. Ќе разговарате за идните планови со партнерот и ќе продолжите да ги спроведувате вашите одлуки.
БЛИЗНАЦИ
Ќе бидете вдахновени од сопствените постигнувања и ќе бидете амбициозни да продолжите напред. Запознавање со некој чиишто квалитети ги надополнуваат вашите и можна е долготрајна врска. Емоциите ќе ви го подигнат расположението и ќе се грижите повеќе за партнерот. Вести поврзани со вашата работа. Подготовка за патување.

РАК
Следете ги вашите цели. На чисто сте со сѐ што сакате да го постигнете денеска, а ќе можете да ја искористите и најмалата можност за напредок. Ве привлекува славата, и колку и да сфаќате дека таа е минлива, толку повеќе се стремите кон неа. Бидете трпеливи со вашиот интимен партнер.

ЛАВ
Вашиот елемент денеска е вашиот дом. Сè во врска со него ги привлекува вашето внимание и енергија. Без разлика дали станува збор за поправка на шпоретот или бојадисување на влезната врата, сето тоа се вредни предизвици кои ви го одвлекуваат вниманието од напорната работна седмица. Што и да правите, правете го дома.

ДЕВИЦА
Денот е важен на многу начини, но главната работа е да останете релевантни за настаните. Не трошете ја вашата енергија за да се јадосувате или да создавате конфликти, обидете се да направите позитивно влијание таму каде што сметате дека е потребно. Решавање на станбено или финансиско прашање. Времето споделено со вашето семејство ќе биде посакувано и плодотворно.

ВАГА
Со давањето предност на споредните задачи, ризикувате да не исполните важна обврска. Можете и треба да ги заштитите вашите интереси ако работите тргнат во друга насока. Ќе барате дополнителни можности за приходи, со оглед на зголемените потреби.

ШКОРПИЈА
За успешно да се справите со тешкотиите, потребно е внимателно да размислите за ситуациите и да направите прелиминарен план за акција. Тактичноста може да биде вашето најголемо оружје. Добри можности има за оние припадници на знакот кои работат во областа на културата и образованието. Хармонијата во односите со другите може да биде одлучувачка за вашиот успех.

СТРЕЛЕЦ
Ве обзема желба за промена. Ќе почнете да ја менувате организацијата и да воведувате новини на работното место. Со својата смисла за комбинаторија ќе импресионирате и привлекувате истомисленици. Вниманието и трудот што ќе ги вложите, и на професионален и на личен план, ќе ви донесат задоволство и придобивки.

ЈАРЕЦ

Ја цените важноста на задачите кои се поставени пред вас и во тој поглед ќе барате решенија и внимателно ќе ја разгледате вашата стратегија. За некои од припадниците на знакот тоа е насочено кон бизнис, за другите, пак, кон професионална кариера, но во секој случај ќе го постигнете она што го сакате. Не зборувајте премногу и размислувајте позитивно.

ВОДОЛИЈА

Ќе бидете принудени да ги промените плановите за денеска, бидејќи ќе се појави неочекувана работа. Сепак, сфатете ја сериозно, бидејќи ќе ви донесе многу добри можности. Времето што ви останува посветете го на вашите најблиски, а особено на помладите во семејството. Имаат потреба од вас и од вашиот совет за одредена работа. Направете нешто што ќе ги направи среќни.

РИБИ

Следните денови ќе бидете оптоварени со обврски и повеќе ангажираност. Затоа обидете се да се одморите денеска, дозволувајќи им на другите да се вклучат во домашните работи. Помладите во семејството ќе ги следат сопствените желби и тоа ќе ве натера да се усогласите со нив. Размислете повеќе за вашето здравје, има што да промените во вашата исхрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Во Берово и на Попова Шапка утрово…

Казнети 267 возачи во Скопје, 128 за…

На територија на Град Скопје во текот…

Дел од населбата 11 Октомври без вода

 Дел од корисниците од населбата 11 Октомври…

Денес е сеќавање на Преподобниот маченик Стефан…

Како некогаш Ана, мајката на Самуил, и…

Времето денес: Наутро со магла, попладне сончево…

Во утринските часови по одделни котлини ќе…