Дневен хороскоп: Што предвидуваат ѕвездите за денес?

t

ОВЕН (21. III – 19. IV)
Денес ќе се изразувате јасно и гласно. Ако во изминатиот период се чувствувавте несфатено, сега сè ќе се промени со преминот на комуникативниот Меркур во вашиот знак. Вашите зборови ќе имаат голема моќ, внимавајте како ги користите.
Доколку имате неисполнета желба, зборувајте за неа. Можно е да ви се оствари побрзо отколку што очекувате. Запомнете дека луѓето немаат кристална топка.

БИК (20. IV – 20. V)
Опростете им на оние кои ве повредиле во минатото и исчистете си ја душата од лоши чувства, а главата од лоши мисли. Денес итриот Меркур ќе премине во вашата 12-та куќа на ослободувањето и лекувањето, охрабрувајќи ве да се ослободите од вашиот товар.
Ова е период кога треба да ги запишувате вашите мисли во дневник. Ќе сакате да се навратите на нив во иднина.

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Сите за еден, еден за сите. Ќе имате голема желба да работите со вашите колеги под влијание на комуникативниот Меркур во вашата 11-та куќа на тимската работа. Најубавите идеи ќе ги добивате кога сте опкружени со многу мотивирани личности, како вас.
Пријателствата ќе ви се затоплат. Организирајте активности кои ќе ви овозможат да се дружите со што повеќе пријатели.

РАК (21. VI – 22. VII)
Започнува особено успешен период на професионален план за вас. Денес комуникативниот Меркур ќе се пресели во вашиот сектор на постигнувањата, правејќи ве ѕвезда на работното место. Можно е унапредување.
Во периодот до 11 април, размислувајте долгорочно. Насочете го погледот кон иднината, морате да носите зрели одлуки.

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Денес комуникативниот Меркур ќе се пресели во вашата 9-та куќа на патувањата и далечните дестинации, поврзувајќи ве со лица од други држави и култури. Можно е да започнете да соработувате со некој кој е физички далеку од вас.
Не заборавајте да им се јавите на роднините кои одамна не сте ги слушнале. Вашиот повик ќе ги израдува и ќе ви ги обнови контактите.

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Ме сака, не ме сака… Ако не сте сигурни какви чувства има партнерот кон вас, прашајте го. Денес комуникативниот Меркур ќе премине во вашиот сектор на интимноста и тајните, правејќи го ој период идеален за осетливи разговори.
Девиците кои не се во врска, ќе започнат да комуницираат со личност која брзо ќе им го привлече вниманието. Можна е љубов на прв поглед.

ВАГА (23. IX – 22. X)
Денес комуникативниот Меркур ќе премине во вашиот сектор на сериозните партнерства и обврзувањето, зближувајќи ве со вашиот сакан. Ќе дишете како едно и буквално ќе ви се чини дека можете да се разбирате само со поглед.
Ако не сте во врска, не ги пропуштајте друштвените собири. Љубовта ќе се роди меѓу вас и некој што ќе го запознаете додека сте во голема група луѓе.

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Здраво мотивација! Денес комуникативниот Меркур ќе премине во вашата 6-та куќа на, насочувајќи го вашиот фокус кон вашето здравје. Подготвени сте да ги обновите тренинзите и да му се вратите на здравиот балансиран режим на исхрана.
Некои шкорпии ќе се посветат на организирањето на домот и семејните активности. Ќе им бидете ѕвезда-водилка на вашите најмили.

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Денес комуникативниот Меркур ќе ја посети вашата страсна и романтична 5-та куќа, советувајќи ве да ја користите вашата уста за да флертувате, заведувате и освојувате. Гласот ќе ви биде секси, па лесно ќе си ги постигнувате целите.
Ако сте веќе во врска, шепнете му нешто слатко на увце на партнерот и освојувајте го повторно и повторно…

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Никаде како дома… Комуникативниот Меркур денес ќе ја посети вашата 4-та куќа на семејството, па ќе обожавате да разговарате со вашето семејство. Седнете на иста маса со најмилите и слушнете што имаат да ви кажат.
Некои јарци ќе си ги подобрат односите со женска личност, благодарение на нивната подготвеност да разговараат на зрел начин.

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Денес комуникативниот Меркур ќе премине во вашата 3-та куќа на интелектот, правејќи ги вашите идеи брилијантни. Зборувајте за вашите замисли, набрзо ќе се здружите со други лица кои размислуваат како вас.
Започнете да размислувате почесто да практикувате забавни активности во вашето место на живеење.

РИБИ (19. II – 20. III)
Денес комуникативниот Меркур ќе ја посети вашата 2-ра куќа на работата и парите, зголемувајќи ја вашата амбициозност. Вашите апетити на професионален план ќе пораснат. Ќе имате високи цели и ќе бидете решени да ги постигнете.
Некои риби ќе запознаат влијателна личност која ќе им помогне да напредуваат во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хороскоп: Девицата ќе подобри финансиска ситуација, на…

ОВЕН Овој период ви дава можност да…

Многу се позитивни но сепак имаат една…

Има неколку интересни факти за луѓето родени…

Дневен хороскоп за понеделник (25.04.2022)

Овен Работа: Овој период ќе го означи…

Најмудрите луѓе се раѓаат во овој хороскопски…

Водолиите се познати по своите истакнати комуникациски…

Дневен хороскоп за понеделник, 11. април 2022…

Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате добра волја…