Доаѓа вистинска зима: Балканот и Македонија за краток период би можеле да бидат погодени дури од три ледени бранови од Арктикот
Судејќи барем според моменталните анализи со кои ние располагаме, Балканот и Македонија ќе бидат зафатени дури од три сериозни удари на поларниот вртлог до крајот на овој, и на самиот почеток од месец декември, а првиот доаѓа уште од овој викенд и ќе донесе врнежи од дожд, снег и снежна покривка на планините и на Скијачките центри, информира Славчо Попоски.
Снежната граница за време на викендот ќе се спушти некаде до 700 – 800 метри надморска височина, со што локално провејување на снег ќе има и во повисоките градови, како што се Берово, Крива Паланка и други. Сето ова ќе биде проследено со засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина до околу 80 км/час).
За време на викендот, како и на самиот почеток од следната седмица го очекуваме и првиот мраз на многу места низ Македонија и тогаш утринските температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени. Максималните дневни температури пак за време на викендот ќе бележат тенденција на голем пад и ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 11 степени.
Многу променлива и со чести врнежи ќе биде и следната седмица, а вториот сериозен удар на поларниот вртлог кај нас го очекуваме околу 27 ноември, додека третиот на самиот крај од овој, и во почетокот на месец декември. Токму овие два удари на поларниот вртлог ќе донесат и вистинска снежна бајка на Балканот, но и во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…