Објавено на:

ДОАЃА ПРВИОТ ПОГОЛЕМ СНЕГ: Температурите ќе паѓаат, еве што велат метеоролозите

t

Метеорологот Славчо Попоски со најнова временска прогноза.

,,По краткотрајната стабилизација на времето која пристигна во Македонија, во среда во попладневните и во вечерните часови повторно од северозапад облачноста ќе се зголеми и ќе има нови врнежи од дожд од локален карактер, а ќе започне да дува и умерен до засилен ветер од северен правец.

Потоа во четврток повторно следува краткотрајна стабилизација на времето.

Веќе од петок попладне, како и за време на викендот под влијание на нова циклонска активност од запад повторно ќе имаме нови обилни врнежи од дожд. Во петок ветерот ќе биде од јужен правец, додека за време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, со што од север кон нашата територија ќе се спушти постуден воздух, а температурите значително ќе опаднат.

Токму овој студен бран на планините ќе предизвика врнежите од дожд да преминат во врнежи од снег. Овој пат снежната граница ќе се спушти до 1500 м.н.в.

За време на викендот, а особено во недела наутро го очекуваме и првиот мраз за оваа сезона на повеќе места, што значи на многу места низ Македонија температурата во недела наутро ќе се спушти до околу 0 степени, а понекаде и за некој степен под нулата.

Максималните дневни температури на воздухот за време на викендот пак ќе се искачуваат во интервалот само 7 до 13 степени.

Да напоменеме дека за време на викендот кој доаѓа на планините кај нас, но и во регионот ќе дојде до формирање на првата позначителна снежна покривка. Се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 20 сантиметри, понекаде и повеќе”, објави тој.

ДОАЃА ПРВИОТ ПОГОЛЕМ СНЕГ: Температурите ќе паѓаат, еве што велат метеоролозите

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица го освои Берлин, кој првпат може…

Победата на крајнолевичарската партија Левица на вчерашните…

Личните документи ќе ги имаме на мобилен…

Мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi), е национална дигитална…

ТРАМП: Голем број руски рафинерии се надвор…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно повика на…

Европа подготвува црвена линија кон Москва: Што…

Европските министри за надворешни работи ќе се…

Европа се соочува со огромен недостиг од…

Европската енергетска криза може да добие нова…