Добиваме незамисливо многу информации за закани по безбедноста на НАТО-земјите од регионот, но превенцијата е беспрекорна, вели Ковачевски

t

Безбедносната состојба во С Македонија е стабилна и не постојат никакви индиции за нејзино нарушување, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата по денешниот неформален состанок на лидерите на земјите членки на НАТО одговарајќи на новинарско прашање за безбедносната ситуација во земјава.

Сепак, тој сподели нешто за кое рече дека го кажува првпат откако е шеф на Владата.

„Нивото на информации коишто безбедносните служби на нашата држава ги имаат и ги споделуваат со партнерските безбедносни служби од земјите членки на НАТО – тука спаѓаат најразвиените држави во светот со најразвиени безбедносни механизми во светот – во однос на поединци, групи и организации кои сакаат да го нарушат нивото на безбедноста во која било земја членка на НАТО од регионот вклучително и нашата, е на ниво коешто е незамисливо за оние коишто не се во детали вклучени во вакви прашања“, рече Ковачевски.

Додаде дека се работи за исклучително детални, навремени и систематични информации, а тоа, како што оцени премиерот, значи дека системот на превенција и на заедничко работење со централата на НАТО преку нашата претставничката мисија, но и директната соработка со земјите членки на НАТО, функционира на беспрекорно ниво.

„Затоа нашите граѓани треба да бидат и среќни и горди што живеат во земја членка на НАТО којашто има исклучително ниво на безбедност споредено со која било друга земја која не е членка на Алијансата“, додаде тој.

Во воведното обраќање на прес-конференцијата, Ковачевски оцени дека земјите членки на НАТО од регионот, вклучително и С Македонија, се гарант на безбедноста во овој дел од светот, а како докажани сојузници од доверба, како што рече, заслужуваат да бидат дел и од ЕУ и целосно ќе го искористат својот потенцијал.

„Како сојузници, како демократи, како прогресивни лидери градиме еден нов регион и постојано го унапредуваме“, рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…

Со едноминутно молчење во знак на почит…

Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…

На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…

Разбудени од кома двајцата полицајци што го…

Полициските службеници Јакуб Кулик и Артур Морањски,…

ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…

Царинската управа во 2025 година собрала над…

Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле…

Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот…