Добра вест за граѓаните на Македонија: Од среда по 14 вработени во МВР ќе сликаат за пасоши, а ќе има и втора смена од понеделник

t

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, за телевизија Телма најави дека пунктовите за пасошите, како тој во полициската станица Пролет, се популистички мерки, кои, како што рече, се многу слабо менаџирани.

Тој најави дека во следниот период ќе се воведе двосменско работење за да им се излезе пресрет на граѓаните.

„Од среда пунктот пролет го враќаме во целост во системот на нормалност и системот на правилно функционирање на оваа постапка во рамки на министерството. што значи тоа? тоа значи наместо популистички методи, јако најавувани, кои што катастрофално се менаџирани, со четворица луѓе кои фотографираат на 10 базни станици, од среда предметниот пункт ќе функционира со 14 базни станици, со 14 фотографи, луѓе, полицајци вработени во МВР, коишто доброволно се ангажираа да и помогнат на Македонија, и од срце им благодарам за тоа, и ќе бидат соодветно во рамки на закон наградени за тоа, достоинствено, а не како до сега праќани под казна. Од понеделник, овој што иде, воведуваме и втора смена, каде што уште 14 доброволци од МВР ќе бидат ангажирани дополнително. Тоа значи дека капацитет од четири базни станици кои што фотографираат и обезбедуваат понатаму издавање на лични документи, ние ќе го зголемиме фактички на 28 во еден ден“, рече Тошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

Зеленски се надева дека резултатите од американските…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…

Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…

Иран објави информација за три опожарени бродови…

Два танкера и реморкер се опожарени во…

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…