Добра вест за нашинците во Германија: Нова авионска линија која многумина ја посакуваа

t

Македонската дијаспора во Германија е голема и постојано е во пораст. Конекциите и врските за нашинците кои живеат таму, со матичната држава, се особено важни.

Како што информираат од ТАВ, Луфтханза од 23 април ќе почне да лета на релација Франкфурт-Скопје-Франкфурт, со десет летови неделно.

Нова дестинација, Сплит, ќе биде воведена од страна на Кроација Ерлајнс од скопскиот аеродром. Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12 мај до 14 октомври 2023 година, два пати неделно.

Што се однесува до охридскиот аеродром, авиокомпанијата Ер Сербија ја обновува линијата Белград-Охрид од јуни и ќе има четири лета седмично.

Од денеска на полноќ продолжуваат и вообичаените сезонски летови до туристичките дестинации во Турција и Египет.

Според актуелниот ред на летање за скопскиот аеродром, 20 авиокомпании сообраќаат до вкупно 44 дестинации, додека од охридскиот аеродром сообраќаат шест авиокомпании до девет дестинации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски: Немаме нови 20 години за губење,…

Ние немаме уште 20 години да чекаме,…

Ковачевски: За нашите пензионери обезбедуваме просечна пензија…

За нашите пензионери обезбедуваме просечна пензија од…

Д-р. Добрила Андоновска: Бујар Османи ја искористува…

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја…

Вечерва во 21.30 часот „Тешки муабети“ со…

Не пропуштајте ја денешната епизода на „Тешки…

(Видео) ПРОЛЕТЕН СНЕГ ВО ДЕЛЧЕВО!

на граничниот премин Делчево врне снег, а…