Објавено на:

Добра вест за сите што планираат да ја посетат: Турција дополнително ќе ги олеснува Ковид мерките

t

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган најави дека земјата е подготвена да ги укине сите ковид-мерки, додавајќи дека носењето маски повеќе нема да биде задолжително во затворени простории, пренесува Ројтерс.

Говорејќи по последниот состанок на советодавниот научен совет, Ердоган рече дека маските сè уште ќе бидат задолжителни во јавниот транспорт и во медицинските установи додека дневните нови случаи не паднат под 1.000.

Турција претходно го укина условот за носење маски на отворено и во затворени области со добра вентилација.

Дневните ковид-случаи во Турција паднаа на под 3.000 во последните денови, од околу 15.000 на крајот на март. Тестовите се повеќе од преполовени во истиот период на околу 130.000 дневно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемен број на случаи на мали сипаници…

Од почетокот на оваа година во Турција…

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…

Бројот на жртви во поплавите што ги…

Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…

Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…

Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…

По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…

Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…