Добра вест за скопјани: БРТ пред тендер, изградбата напролет

t

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во „Ноќно студио“ соопшти ексклузивна информација во врска со реализацијата на проектот за брз автобуски превоз – БРТ.

Како што информираше градоначалникот, проектот се наоѓа во последната фаза на одобрување од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Доставена е потребната документација и во моментов се очекува одговор, со цел процесот да биде целосно заокружен до крајот на оваа недела.

По финализирањето на постапката, се очекува да биде објавен тендерот за проектирање и изведба на БРТ-системот.

-Работиме во целосна координација и поврзаност со ЕБОР, а тендерската постапка ќе биде спроведена во согласност со европските регулативи. Очекувам во текот на наредните неколку дена да биде објавена тендерската постапка, истакна Ѓорѓиевски.

Во рамките на реализацијата на БРТ-системот, постојното средишно зеленило на булеварите се задржува, со што модернизацијата на јавниот превоз ќе се спроведува со зачувување на зеленилото.

Според проценките на градоначалникот и тимовите вклучени во реализацијата на проектот, градежните активности би можеле да започнат доцна напролет наредната година, со поставување камен-темелник и официјален почеток на изградбата.

Со ова, проектот за БРТ влегува во конкретна оперативна фаза, со следен клучен чекор објавување на тендерската постапка и избор на изведувач за реализација на проектот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…

Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…

Дронови и мистериозни балони на небото над…

Москва наводно била цел на напади со…

Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…

Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…

Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…