Добра вест: Македонија и Бугарија нема заеднички да ја чествуваат смртта на Гоце Делчев!
Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, денеска изјави дека ќе нема заедничко чествување со Македонија на 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев на 4 мај.
Министерот, во изјава што ја цитира Бугарското национално радио (БНР), вели дека очекува оние граѓани на Бугарија кои ќе сакаат да го посетат гробот на Гоце Делчев во Скопје да се соочат со истите проблеми како во февруари, кога се одбележуваше годишнината од неговото раѓање.
„Ќе организираме прослави во Бугарија за Гоце Делчев, затоа што во оваа фаза не мислам дека ќе има општи прослави. Нема да правиме со нив таму (во Македонија) бидејќи минатиот пат немаше… Се надеваме дека амбасадорот на Република Македонија ќе присуствува на чествувањата што ќе ги правиме овде во Бугарија, а бугарските граѓани кои сакаат да одат, не можам да ги предупредам да не одат, но мора да знаат дека може да наидат на пречки“,рече шефот на бугарската дипломатија, цитиран од БНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…
Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија го прогласи 11 ноември…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија утрешниот ден ќе го…
Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…
Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…