Добра вест: МНР ќе ги покрие тршоците за патни листови за нашите граѓани
Министерството за надворешни работи, во изминатиов период, целосно ја реорганизира својата дипломатско-конзуларна мрежа во светот, со цел да им излезе во пресрет на нашите државјани кои се наоѓаат надвор од земјата, соопштија од МНР.
Воедно, информираме дека до овој момент ниту еден наш државјанин не пријавил во Министерството, ниту во дипломатско-конзуларните претставништва проблеми при патување со патни листови, ниту со друг вид на документи со Република Северна Македонија.
Во врска со Патните листови, со кои нашите државјани може непречено да се вратат во земјата, потврдуваме дека дипломатско- конзуларни претставништва редовно се снабдуваат со нови количини на соодветни обрасци и нема застој во нивното издавање.
Воедно информираме дека на предлог на Министерството за надворешни работи, Владата на денешна седница донесе одлука со која нашите дипломатско-конзуларни претставништва ќе започнат со издавање на патни листови без наплата на конзуларна такса. Исто така, се олеснува и доставата на патниот лист и истата ќе може да биде извршена преку брза пошта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
МНР го обвинува Радуков дека се меша…
Денеска, во Министерството за надворешни работи и…