Добра вест: Од полноќ поевтинуваат дизелот, мазутот и екстра лесното масло за домаќинство
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,50 % во однос на одлуката од 23.11.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,789%, кај дизелот за 4,373%, кај екстра лесното за 4,239% и кај мазутот намалувањето е за 4,249%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,252%.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,263 ден/кг и сега ќе изнесува 41,783 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.
Од 25.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 88,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,783 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа се соочува со нов раст на…
Европа повторно се соочува со летен топлотен…
Нови цени на горивата: Бензините поевтинуваат, дизелот…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Паѓаат цените на половните автомобили во Германија
Цените на половните автомобили во Германија продолжуваат…
Владата ќе ги опомени трговците што се…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во…
Русија воведе забрана за извоз на дизел
Русија воведе забрана за извоз на дизел,…