Добра вест: Се намалуваат цените на бензинот и дизелот
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 109,00 ден/лит и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува исто така 109,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 111,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 107,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,986 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 53,305 ден/кг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа пред тешка зима: Растат цените на…
Европа повторно се соочува со непријатна комбинација…
Цената на нафтата се зголеми, откако САД…
Цените на нафтата утрово се тргуваа за…
Европа се соочува со нов раст на…
Европа повторно се соочува со летен топлотен…
Нови цени на горивата: Бензините поевтинуваат, дизелот…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Паѓаат цените на половните автомобили во Германија
Цените на половните автомобили во Германија продолжуваат…
