Добри вести за демократијата: Независните без потписи ќе поднесуваат листи, вели Кондарко за СДК

t

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко, на прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК што да прават независните кандидати, дали да продолжат со собирање потписи и дали ДИК ќе одлучува како би учествувале на локалните избори среде законскиот вакуум, е дециден дека во Изборниот законик е дадено правото на независни кандидати и листи, односно во Изборниот законик именувани како „група избирачи“.

А ако Собранието, односно ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, „Вреди“ и ДУИ и понатаму манипулираат, и не ги донесат измените на Изборниот законик како што им рече Уставниот суд, ДИК ќе даде упатство за кандидирање на независните, без собирање потписи, за да не мораат во меѓувреме принудно да прават партии ако не сакаат.

„Државната изборна комисија веќе се изјасни дека правото на учество на група избирачи е дадено директно со закон и за тоа Комисијата нема зошто да одлучува, туку ќе го применува член 60 од Изборниот законик. Во Законот не постои само бројот на потписи потребен за кандидирање. Останува да се види дали пред почетокот на законскиот рок за собирање потписи (10 дена по распишувањето избори), Собранието ќе ги донесе измените на Законикот со кои ќе се определи бројот на потребни потписи. Ако не ги донесе, ДИК ќе го прецизира Упатството за поднесување на листи во смисла на примена на член 60 без собирање потписи“, вели Кондарко за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Читај повеќе на СДК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…

Со едноминутно молчење во знак на почит…

Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…

На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…

Разбудени од кома двајцата полицајци што го…

Полициските службеници Јакуб Кулик и Артур Морањски,…

ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…

Царинската управа во 2025 година собрала над…

Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле…

Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот…