Добри вести утринава: Цената на нафтата паѓа на светските берзи
Цената на Брент суровата нафта денес падна на 102 долари за барел, додека фјучерсите за гас во Европа се тргуваат околу 80,5 евра за мегават-час. Во исто време, европските берзански индекси се претежно во пораст, поттикнати од високите очекувања во пресрет на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг.
Како што објави CNBC, ноемвриските фјучерси за Брент суровата нафта од Северното Море паднаа за 1,71 отсто на 102,09 долари за барел, додека американската WTI за октомври се спушти за 1,96 проценти на 98,33 долари. Аналитичарите од JPMorgan Chase оценуваат дека протокот на нафта од Блискиот Исток останал „изненадувачки силен“ и покрај прекините во саудискиот цевковод Исток-Запад, со просек од 17,1 милиони барели дневно во изминатите десет дена, што е за 6,1 милион барели помалку од просекот за 2025 година. Пазарот ги следи и случувањата по саботните напади со ракети и беспилотни летала од страна на јеменските Хути врз Саудиска Арабија.
На берзите во Европа, холандскиот TTF за гас на отворањето се тргуваше по цена од 80,545 евра за мегават-час. Германскиот индекс DAX порасна за 0,74 отсто, францускиот CAC 40 за 0,59 проценти, британскиот FTSE 100 за 0,42 отсто, а миланскиот FTSE MIB забележа раст од 0,86 проценти, додека московскиот IMOEX падна за 0,56 отсто. Посебно силен раст од по 2,8 проценти забележаа акциите на технолошките компании како холандскиот ASML и германскиот Infineon, додека акциите на француската Societe Generale пораснаа за околу 3,6 отсто по зголемената цел за профитабилност.
На девизните и стоковите пазари, еврото се тргуваше по цена од 1,14758 долари. Цената на златото се спушти на 4.352,46 долари за тројанска унца, додека пченицата достигна цена од 7,2349 долари за бушел. На затворањето во петокот, американскиот индекс Дау Џонс падна за 0,18 отсто на 51.682,64 поени, S&P 500 порасна за 0,17 отсто на 7.650,50 поени, а Nasdaq забележа раст од 0,39 проценти на 26.522,55 поени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добри вести утринава: Цената на нафтата паѓа…
Цената на Брент суровата нафта денес падна…
Газда Деко понудил имот вреден 200.000 евра…
Дејан Јованов – Деко, сопственикот на кочанската…
Професор Светлана Мојсов, „мајката“ на оземпик, ќе…
Македонската академија на науките и уметностите ги…
Пијан Мексиканец нападнал полицаец во Ѓорче за…
31-годишник од Мексико пијан дивеел за време…
Судењето на 13 полицајци за „Пулс“ почнува…
Судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети…