„ДОБРОВОЛНО ИЛИ НА СИЛА, ЌЕ МОРА ДА ЈА НАПУШТАТ КУКЛИЦА“: Градоначалникот на Кратово вели дека за Стојна и Милош судот донел времена мерка
„Доброволно или на сила, узурпаторите ќе мораат да ја напуштат Куклица. Судот донесе времена мерка со која Стојна Димитровска Боотх и нејзиниот татко Милош Димитровски ќе мораат да се оддалечат од локалитетот Камени Кукли и да го предадат во владение на надлежните институции. Ако одбијат, полицијата насилно ќе ги исфрли од кругот на објектот“.
Вака за ТВ 24 изјави градоначалникот на Кратово Тодорче Николовски во врска со случајот со незаконско наплаќање карти пред познатиот локалитет. Градоначалникот ја коментираше и првостепената пресуда за Стојна и нејзиниот татко за која се чека исход од второстепен суд, откако истата била обжалена.
Градоначалникот тврди дека по повеќегодишни судски постапки и кривични пријави, за првпат има конкретна судска одлука која треба да стави крај на спорот.
Изминатите денови граѓани на социјалните мрежи го реактуелизираа случајот со локалитетот кој се провлекува подолго време. Граѓани пријавиле дека им била барана наплата, а во случаите кога одбивале да платат биле изложени на навреди, закани и агресивно однесување, а во некои случаи биле пуштани и кучиња.
Градоначалникот тврди дека станува збор за луѓе кои претходно биле вклучени во проект поврзан со локалитетот, финансиран со европски пари.
Одредени медиуми напишаа дека здружението, иако со години наплаќало влезници на посетители, пријавило добивка од само илјада денари.
Општина Кратово во понеделникот ја објави пресудата од 12 март која предвидува осомничените Стојна Димитровска Боотх и нејзиниот татко Милош Димитровски заедно со здружението „Извор“ од Кратово во рок од 15 дена од правосилноста да му го предадат на Музејот на град Кратово објектот, како и дрвената куќичка брвнара и да го ослободат просторот од сите предмети и ствари.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека против Стојна Димитровска, нејзиниот татко Милош Димитровски и нивното здружение е поднесен обвинителен акт за узурпација на недвижности. Дополнително, против Стојна Димитровска е издаден и казнен налог поради закани упатени кон туристи кои го посетувале локалитетот.
Куклица, позната и како Камени Кукли, е еден од најпрепознатливите природни локалитети во Македонија и е заштитен споменик на природата кој секоја година го посетуваат голем број домашни и странски туристи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„ДОБРОВОЛНО ИЛИ НА СИЛА, ЌЕ МОРА ДА…
„Доброволно или на сила, узурпаторите ќе мораат…
Гаши до Рокас: Собранието посветено работи на…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари…
Нови проблеми за Рама: Европската комисија ја…
Европската комисија ја повика Албанија да обезбеди…
Трамп: Иран собори американски хеликоптер над Ормускиот…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Иран…
Туск: Полска мора да биде вклучена во…
Полска мора да биде вклучена во преговорите…