Добро утро со Инфомакс: Александар Македонски стои пред лицето на секој Македонец како национална гордост!

t

Денеска ве потсетуваме на востанието кое често не му се придава важноста која треба да ја има, на дел од Преамбулата на македонскиот востанички комитет на Македонското востание и на Коста Шахов.

Две последователни мислења, две писанија во кои Македонците се повикуваат на историскиот континуитет уште од антиката, поточно од Александар Македонски.

Добто утро Македонци, во продолжение што мислеле нашите предци.

Во Преамбулата на правилата на македонскиот востанички комитет на Кресненското (Македонското) востание од 1878 година, востаниците се споредуваат со војската на Александар Македонски:

“Познато ни е на сите нас дека злосреќната наша земја Македонија поради причини за егоистички цели од страна на големите сили и е оставена пак на Турција по Берлинскиот конгрес. Во резултат на тоа дојде во одделните области на нашата татковина до многу крвави сцени познати на секого. Во желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот јарем, секој од нас, кој колку може станавме да се жртвуваме, бидејќи од секого од нас е нужна помош. Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеавме низ полињата и горите македонски ние служиме, како македонската војска на Александар Македонски, за слободата со нашата девиза – Слобода или смрт!”

Истата 1885. година, Коста Шахов во весникот “Македонија” број 4 запишал:

– Денес, секој Македонец, кога го спомнува Александар Македонски, вели: Ние сме го имале цар Александар Велики. Со тие зборови тој си припомнува за блескавиот период и величието на Македонската држава. Александар Македонски стои пред лицето на секој Македонец како национална гордост!”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…

Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…

Се обидуваме да ја развиваме државата, да…