Добро утро со Инфомакс: Александар Македонски стои пред лицето на секој Македонец како национална гордост!
Новата година ја започнуваме со нешто што запишале Григор Прличев и Коста Шахов, а се однесува на вековната македонска меморија за Александар Македонски и Кирил и Методиј.
Добро утро Македонци и убав почеток на годината,.
По повод 1000 годишнината од смртта на Свети Методиј, во 1885 година во Солун, Григор Прличев ќе каже:
– “Мајка Македонија е многу ослабната. Откако го роди големиот Александар, откако ги породи светите Кирил и Методија, оттогаш мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнемоштена. Но мајка што роди вакви синови, во иднина ќе роди и други како нив… Ќе произведе уште многу Кириловци и Методиевци, кои ќе бидат светилници на нашите училишта и столбови на нашата вера и кои ќе го прославуваат македонското име!” Како што може да се прочита Григор Прличев не само што Александар Македонски го смета за македонски син туку и заедно со Светите Кирил и Методиј го вбројува меѓу најголемите.
Истата таа година, Коста Шахов во весникот “Македонија” број 4 запишал:
– Денес, секој Македонец, кога го спомнува Александар Македонски, вели: Ние сме го имале цар Александар Велики. Со тие зборови тој си припомнува за блескавиот период и величието на Македонската држава. Александар Македонски стои пред лицето на секој Македонец како национална гордост!”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…