Добро утро со Инфомакс: А кој бедем ќe го скроти и кој ќе му застане спротив, кога народ ќе се сплоти тиранството да го урне?

t

Ненадминливиот, великанот, таткото на совремниот македонски јазик, најголемиот меѓу најголемите Македонци, Блаже Конески за време на својот живот создал и оставил наследство на народот како што ретко кој во светот може да се пофали дека направил.

Кој може да го запре народот кој се сплотил против тиранијата? – прашува Конески кој ги буди Македонците и ги охрабрува да ги земат работите во свои раце.

Добро утро Македонци, во продолжение “На граница” од Блаже Конески:

Езероно ти го виде:

граница го на две дели.

Но кој бранот би го запрел

открај накрај да не иде,

да не шири крилје бели!

На другион рид се гледа

кралска круна од камења.

Бурандар ја неа редел —

нека знае секој еден,

одавде е кралска земја.

Наше поле сонце свети

а во Грчко облак паднал.

Житјата се таму жални

и дрвјата молчат клети

на грчката земја страдна.

Таму ноќта страшна лази,

таму ноќе села rорат.

Житјата ги крвник гази,

крвник прави грозен празник,

коли, беси, пали по ред.

Пак се полнат занданите,

наши браќа во нив rинат.

Лемна ноќ ги голта дните,

тлеат луѓе в пранrи свити,

в Беаз-куле, во гроб зинат.

Пече, тишти в срце рана!

Нема веќе тука умир.

Та со пушка народ стана

и напреку гора фана,

што за тешка борба шуми.

По селата војска врви,

Македонец и Грк рамно.

Нека врагот страв го здрви,

нека падне в матни крви

тронот негов, тронот срамен!

Езероно ти го виде:

граница го среде дели.

Но кој бранот ќe го запре

од брег на брег да не иде,

да не шири крилје бели!

А кој бедем ќe го скроти

на народот бранот бурен,

и кој ќe му стане спротив

кога народ ќe се сплоти

тиранството да го урне!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Протест на грчките земјоделци на границата со…

Симболичен и мирен протест, без да биде…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…