Добро утро со Инфомакс: Вака не мачеле ни турските јаничари, башибозуци и крджалии како што мачат хитлеровите и бугарски фашисти

t

На денешен ден (4 јануари) во 1943 година загинаа народните херои Страшо Пинџур и Мирче Ацев. Пинџур и Ацев се македонски комунисти, учесници во НОБ. Двајцата се прогласени за народни херои на Југославија на 29 јули1945 година, како едни од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно Стеван Наумов-Стив, Орце Николов, Христијан Тодоровски-Карпош и Кузман Јосифовски-Питу).

Страшо Пинџур и Мирче Ацев умираат брутално измачувани од бугарските фашисти. Началникот на Обласната полиција во Скопје, Љубомир Јорданов, вака го опишува мачењето на Страшо:

“Пинџур, освен што го кажа своето име, не сакаше ништо друго да каже. Поради тоа го тепавме. Го тепавме јас, Тенјо Рајков, Илија Николов, Андон Донев, Тодор Маринов … Го тепавме со гумена палка по табаните и по целото тело, кој каде можеше, удирајќи го со клоци по грбот и стомакот, а два-трипати сме му ги ставале нозете во вода и потоа продолжувавме со тепањето. Два дена беше непрекинато тепан. Во мноrу тешка состојба беше вратен во ќелијата. Другиот ден попладне го испратив Тодор Маринов да го повика на сослушување. Тие се вратија и рекоа дека Пинџур умрел во ќелијата. Штом го рекоа тоа, отидов во ќелијата да го видам. Го најдов како лежи во пена што му избиваше од устата”

Вакво пак е сведоштвото за Мирче Ацев:

“Тој одби да даде какви и да било податоци за својата дејност, па поради тоа го тепавме за да изнудиме од него признание. На неколку наврати беше жестоко тепан по табаните. Нозете му беа ужасно отечени… Се чудев како може да поднесува толкаво тепање без збор да каже. Тој беше затвореник кој беше најмногу мачен, а се покажа најцврст. Едвај одеше и ми рече дека повеќе ништо не чувствува во нозете, бидејќи му беа претепани. За сето време додека беше тепан не викаше, не испушташе ниту еден збор. Околу 6 часот приквечер јас, Христо Стоилов и Васил Цанков седевме во кабинетот на Цанков. Токму во тоа време дојде агентот Крум Панков и му се обрати на Цанков со следниве зборови:

“Господине началник, Мирче Ацев е во многу тешка положба, умира.” Тогаш Цанков рече: “Добро, појди таму”.

Бидејќи Крум Панков излезе, Цанков ми рече: “Кажи му на Симеонов (директор на Обласната полиција) дека сам се убил. Тоа и го сторивме”

Откако се расчуло за смртта на Мирче Ацев и Страшо Пинџур, нивните соброци издале леток по повод нивното убиство, во кој детално и јасно ги изразуваат нивните стремеж и борба за слобода. Ги опишуваат и нивните херојски семејства, како семејства кои се бореле за слобода на Македонија и зачувување на идеалите и патот поставен на Илинденците. Мал дел од писмото го опишува теророт и грозоморната слика на нивните тела:

На колку хиљади чесни Македонци им се дигна косата кога го видоа Мирчета во болничка мртвачница и во Прилеп кога го закопуваа со исечени прсти, со извадени нокти и искинато месо от коските. Македонските мајки, татковци и сестри виделе ногу свој синови и бракја мачени и утепани, но до ceгa вакви дзверски и нечовечно мачене немајат видено. Вака не мачеле ни турските јаничари, башибозлуци и крджалии како што мачат Хитлеровите и бугарски фашисти. Додека Пинджурот го скрија да не се гледаат неговите искршени коски, оти поучени от Мирчевиот случај, виде како за резилок стануват во очите на народот.

Зборувајте повторно за бугарска администрација наместо бугарски фашизам и братската заедничка историја со источниот ни сосед…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…